Дизајн на ентериер – работа од соништата за младите креативци

 Дали поседувате извонредно чувство за комбинирање на различни нешта? Дали сте креативни, со уметнички афинитети и сакате вашата кариера да ја развиете во оваа насока? Ако одговорот на овие прашања е ДА, тогаш идеалната работа за вас е во областа на внатрешниот дизајн.

Што конкретно се подразбира под внатрешен дизајн и кои карактеристики треба да ги поседувате за да остварите успешна кариера во оваа фасцинантна професија? Да се биде дизајнер на ентериер значи да се создава изгледот и чувството на просторот, без разлика дали тоа е внатрешна просторија, зграда или некоја друга околина. Внатрешниот дизајн е архитектонско-дизајнерска дисциплина во индустрија која продолжува да расте со огромна брзина, особено интересна за оние со голема креативност, уметнички афинитети, сопствено чувство за стил и за комбинирање на различни елементи во конкретен простор.

Дизајнерите на ентериер користат техники за дизајнирање со кои обезбедуваат најдобра визуелна и физичка употреба на просторот. Тоа опфаќа уредување и декорација на внатрешните простории со користење на бои, материјали, мебел, извори на светлина, а притоа бара почитување на основните фактори на дизајнот: пропорција, состав, ритам и сл.

Покрај поседувањето на основни карактеристики и желбата за работење во оваа сфера, потребно е и соодветна квалификација за посакуваната работна позиција. Еден од начините кој ќе овозможи стекнување на потребното знаење како и сертификат во оваа област е посетата на обука. Ваквиот вид на учење овозможува влез во импресивниот свет на ентериери и добивање на професионални вештини кои се неопходни за да се успее како дизајнер во областа на внатрешниот дизајн.

Центарот за компјутерска обука – Семос Едукација, во рамки на своето работење нуди сертифицирана академија за внатрешен дизајн преку која се стекнуваат теоретски знаења за дизајнирање, планирање на просторот, материјали, практични вежби, како и работење со најмоќните софтверски алатки од палетата на Autodesk и Adobe. Секоја алатка и софтвер имаат свои предности и бенефити од нивното користење, па затоа најдоброто решение е комбинација од неколку, а тоа би биле AutoCAD, Revit, 3DS Max | V-Ray, Photoshop и FormIt. Со помош на овие алатки, креативниот процес на дизајнирањето е многу поедноставен, темелен и функционален, со големи можности за креативност, практичност и оригиналност кои ги задоволуваат потребите на клиентот во целост, а на дизајнерот значително му ја олеснуваат работата и дигитално ја пресликуваат идејата во финално решение.

„Академијата за внатрешен дизајн дава исклучителна можност на сите слушатели да ги реализираат своите амбиции и да развијат вештини кои понатаму ќе им помогнат во остварување на успешна кариера. Преку нашите предавања студентите учат како однапред да го визуализираат крајниот резултат, како и да бидат ориентирани кон деталите и прецизните проценки. Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку кои го развиваме индивидуалниот потенцијал кај секој слушател поединечно.” – вели Мирослав Клампфер, раководител на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација.

Академијата за внатрешен дизајн е водена од предавачи кои се признаени професионалци и сертифицирани Autodesk инструктори, компетентни за предавања во архитектурата и внатрешниот дизајн. По завршување на обуката слушателите се стекнуваат со 7 сертифицирани дипломи кои се меѓународно признаени секаде во светот.

Ако сте заинтересирани за кариера во областа на внатрешен дизајн, но доаѓате од комплетно различна и неповрзана дејност, ова воопшто не треба да ве спречува. Многу водечки дизајнери ја пренасочиле својата кариера со желба да ја развијат својата креативна страна и да станат експерти во една од најинтересните професии на денешницата.

 

x

Check Also

По овие лакирани чизми спобудалеа девојките

Кратки, лакирани и со висока тенка потпетица – лакираните чизмички ги освоија ...