Дизајнер кој љуби да пегла – Пјер Гаруди

Во неговите колекции секогаш користи само една боја. Никакви мешавини и колоритни преливања, само набори и асиметрично кроење.

01-а

01-а

Прекинува со кроењето и своето омилено платно почнува да го сече во долги ленти кои ги набира и потоа ги обвиткува додека не ја покрие целата голотија. Многу тул кој наликува на распламтен оган.

05
Моделите со ѓаволести насмевки на лицата зачекорија во неговото ателје . На ликот беа бледи, а крвавите очи и огнените коси го надополнија жарот на оваа колекција. Пјер овојпат сакаше да го вознемири класичниот начин на кроење со редефинирање на гламурот спојувајќи ја убавина и грдотијата, минатото и иднината, признавајќи дека ги презира границите бидејќи неговиот стил е вонвременски.

06
Луѓето ја носат облеката на Пјер Гаруди како изјава на нивните внатрешни чувства. Ги одразува современите трендови во некоја нова и само за него својствена футуристичка интерпретација. Роден во Техеран, Иран, во 1959 година, а образуван во бучниот артистички Париз . Велат, дека секој е чувствителен на Париз и боледува кога ќе го напушти.

03
Пјер го сакаше и Големото јаболко. Се пресели во Њујорк во 1986 година. Студирал, но и работел во малите локални дизајнерски куќи се’ до 1993 година кога го отвора неговото ателје. Како тинејџер бил поинаков, бил чудак. Чудак кој несвесно на себе ги скроил своите први креации. Всушност, не бил ништо поразличен од другите, едноставно само сакал поинаку да се облекува. Вели, дека во неговиот ум никогаш не ја замислува идеалната жена која ќе биде инспирација за неговата следна колекција. Во неговиот ум ја има само совршената ткаенина. Ужива да ги пегла платната во неговото ателје, ужива да седи во тој простор исполнет со многу ламби. Неговотo ателје прерасна во галерија во која можат да се сретнат дела и на многу други артисти.

02
Дизајнираше околу 40 ламби и изработи 35 слики кои го доведоа во некоја нова форма на изразување. Исклучително пријатна личност која обожава да зборува со клиентите, да се загледува во архитектурата на неговото соседство, во суровоста на улиците, во сексуалноста и уметноста во сите форми, сакајќи да создаде нешто ново без да го рециклира старото.

0000
М.Р.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...