Парфемот се вика Актрес и комплетно е изработен во Франција, а стаклената амбалажа е од Италија.
„Формулата ја направи младата дизајнерка Марија Аслимоска и станува збор за парфем кој во основата ја има розата, а на врвот циктус што овој парфем го прави совршено избалансиран меѓу благото и свежото“, ни рече Тања Кокев.
Заштитно лице на парфемот е омилената актерка на Кокев, Јелена Јованова, а рекламата за спотот ја прави Александар Поповски.