Дизајнерскиот тим на „Дивајн“: Нашата работилница е една голема цветна градина

24-годишната Бибе Арсовска и 19-годишната Леона Танасковска се креаторки на модните додатоци „Дивајн“ (Divine Accessorise). За создавање на нивните дела се инспирираат од природата, мирисите, цветовите, а користат тантела, нежни материјали, светкави камења, бисери…

divine team

Бибе е магистрант на правниот факултет „Јустинијан Први“. Смела, енергична , рафинирана девојка, сака префинети нешта, ужива во актуелните модни случувања и следбеник е на модата. Леона пак, е студент на Универзитет за туризам и менаџмент. Вели дека уметноста е  нејзино опкружување од раното детство, а музиката е дел од нејзиниот живот. Долгоодишен член е на студиото за танц „Ребис“, денес е инструктор по хип -хоп. Леона е енергична девојка полна со живот, која во секојдневието гледа палета од најубави бои. Модерна е и авангардна.

d3
Спојот на овие две девојки резултира во уникатни парчиња на модни додатоци. Креирањето за нив претставува игра, започнуваат, на пример, со еден цевет, со една нота, со еден мирис и тоа многу брзо станува една цветна мелодија или цветна приказна.

d6
„Постојат прекрасни настани кои оставаат траги во срцето и имаат посебно место во спомените. Се трудиме да им дадеме поинаков печат.  Наместо класични подароци, за нас раѓањето на едно бебе асоцира на бели невини цветови, на бисерни перничиња и прекривки од тантела.d5За родендените пак, цветни венчиња, стегачи за коси, егзотични шноли и ѓердани. Посебен предизвик ни се моминските забави и свадбите. Е тука ги отвораме сите сетила. Создаваме најубави приказни со романтични, раскошни, миризливи, провокатини или егзотични белези.  Ние сме убава причина за радост и забава, за среќни мигови забележани на фотографиите“, вели Леона.

d1Која е главната порака која ја испраќа секој моден додаток од „Дивајн“?

Добриот моден стил не мора секогаш да значи купување скапи парчиња облека и додатоци. Умешноста да се комбинира и да се стави акцент на некој детал е многу интересна работа. Токму тие додатоци може да ја направат таа посакувана разлика во изгледот, да ве истакнат, да ве направат поинакви, повпечатливи.

d8
Со нашите додатоци вие сами си ја создавате приказната за себе. Ние само помагаме да покажете дека сте свои, поинакви и полни со радост, енергија, љубов! Секој кој ја сака природата знае дека е таа најсовршениот уметник. Само таа умее да создаде бои и мириси, форми кои и големите мајстори на платното тешко успеваат да ги створат. Во светот постојат цветови кои никогаш не сме ги допреле, помирисале, а се воодушевуваме на нивниот изглед. Ете, токму таа разноличност и суптилност не понесе да ја донесеме природата поблиску до нас.

d4

Рози во косите на девојките, дали е ова е враќање кон романтичното минато?
Може и така да се доживее. Секоја дама може сама да си ја избере деценијата или омилената епоха. Преку цветните додатоци го доловуваме тоа време. Лесно може да го истакнеме романтичниот допир, класичниот израз, младешкиот дух или грациозноста.

d2

Кои се омилените бои со кои си поигрувате во креирање на колекциите?

Повторно ја повикуваме природата. Боите се доживување за окото и мислата. Нежните бои и топлината на пастелите се повеке барани. Но сепак, во согласност со годишните времеиња, доаѓаат и боите.

index
За есента најприсутни се златно-жолтата боја, земјените бои, боите на бакарот, бојата на виното и зрелите плодови. Зиме пак, се бараат сината и сивата боја. Напролет е истурена целата раскошна цветна градина. Во лето се присутни боите на водата, морето, океанот. Аквамарин, азурна , сина, зелена, пурпурна, виолетова.

d16
Со кои цветови е богата креативната „градина“ на „Дивајн?
Со сите цветови на рајската градина од природата. Нашата работилница е една голема цветна градина со гранчиња од рузмарин и камилица. Со лаванда, рози и камелии. Со стрелиции, орхидеи и темјанушки. Со хортензии , божури и магнолии. Со цветови кои сами ги креираме, а ги нарекуваме – верност , љубов, радост, дарување…Живот.
divine 20
Кој цвет од вашата „градина“ најмногу го бараат девојките за в коса?
Секоја нарачка е многу посебна и убава приказна. Важно е да знаеме за која пригода се додатоците. Низ разговор откриваме каква личност е новиот сопственик на цветовите. Екпериментираме со боите. Сугерираме, ама и ги почитуваме желбите на клиентите. Најчесто се бараат розите, пупки од рози, но и магноли, гербери, ириси и сончогледи. Некои пак сакаат егзотични цветови и ливчиња на лаванда и рузмарин.
divine17
Купуваат ли од вас и мажите, момчињата, за да подарат едно вакво парче на своите партнерки, на пример?
Да признаеме, момците во почетокот беа срамежливи, ама сега се почесто добиваме нарачки од мажите кои точно го знаат вкусот на својата партнерка. Тие се децидни, знаат што сакаат, јасни се во својата порака. Често бараат и подарок да биде спакуван во некој цветен пакет.

divine 18
Кои цветови и бои ги форсирате за актуелнава сезона есен/зима 2014/2015?
Во согласност со годишното време, есента, предлагаме златно-жолти нијанси и бои на зрели есенски плодови. Во такви бои се венчињата, шнолите и стегачите за коса. Нашите идни невести на својата моминска вечер можат да блеснат во инспиративни и романтични велови и додатоци во златни нијанси, но и во бојата на шербетот и старото злато. Важно е да ја почувствуваат убавата енерија на природата, која е полна со љубов. Допирот со таквите модни додатоци ја пренесува енергијата да си сакан и да сакаш.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...