Дизајнирајте ја сами вашата Фенди чанта

Сте посакале ли некогаш да дизајнирате своја верзија на вашата омилена чанта? Сега и тоа е можно.

f345

Италијанската модна куќа Фенди лансираше интернет опција со која може да ја дизајнирате вашата омилена Фенди чанта за сезоната есен/зима 2014. Програмот наречен myBaguette им овозможува на корисниците целосна уметничка креација, до детално украсување на чантата, а достапни се многу бои и сликарски четки, како и опција да ја испратите фотографијата од вашата дизајнирана чанта која потоа би можеле да ја нарачате.

Доколку дизајнот не ви е силна страна, постои и цела галерија за инспирација, поточно чанти веќе дизајнирани од врвните креатори кои работат за Фенди, на кои дополнително може да интервенирате по ваша желба.

Откако ќе завршат со создавање на своите ремек-дела, корисниците имаат можност да аплицираат на изборот за најдобра чанта на месецот кој го води лично креативната директорка на Фенди, Силвија Вентурини Фенди.

x

Check Also

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, ...