Кажи го моето име: Дизајнот РиРи на Софија Вебстер

Поп принцезата ги пофали на Инстаграм чевлите од Софија Вебстер именувани по неа.

riri 2

Со фотографија постирана на Инстаграм, Ријана ги покажа своите омилени чевли, дизајнирани од британската дизајнерка Софија Вебстер. Чевлите се викаат РиРи и чинат 530 фунти.

„Ти благодарам дамо, овие чевли се полни со љубов“, напиша Ријана над фотографијата.

Моментно омилените чевли пејачката ги прошета низ улиците на Лондон, во друштво на својот брат.

riri 1

Повеќе информации за новата колекција сандали на Вебстер, како и за цените, може да најдете тука.

Скапи, ама прекрасни!

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...