Џеј Зи ја лансираше сопствената линија на пури Кохиба Комадор

Американскиот рапер Џеј Зи е опседнат со добрите пури, па не е ни чудо што се поврза со доминиканската компанија за производство  на пури Кохиба за да создаде своја марка – Кохиба Комадор.

puri 1

„Се поврзав со Кохиба зашто знаев дека тие ќе ја исполнат мојата визија за луксузни пури и тоа ќе го направиме на најдобар начин“, објаснува Џеј Зи.

puri 5

Колекцијата пури Комадор се работела две години, а се употребувал врвен тутун од Централна Америка.

puri 4

Пурите се продаваат во три сетови. Лимитираната едиција на пури во луксузен хумидор чини 999.99 долари, а во хумидорот има 21 пура.

puri 2

 

Но има и помало пакување кое се продава по цена од 350 долари и вклучува седум пури.

puri 3

Хумидорот пак наречен Торо Бокс исто така има седум пури со нешто послаб квалитет од претходните, а чини 210 долари.

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...