Дневен хороскоп (четврток): Топ знаци на денот – Риби и Јарец

Што ви носат ѕвездите на денешниот ден, 15-ти март, 2018 година. Проверете во продолжение.

Овен – 15ти март ви носи многу самодоверба. Кога ќе донесете одлука, би сакале сите други да се заложат за остварување на вашите цели. Кој подготвува голем проект или работи на ситуација со голема посветеност, сега ќе има можности за максимална промоција. Почнувајќи од денеска, исто така, ќе започнете нови професионални битки, наполнети со сила од Уран кој ќе влезе во вашиот знак од 15-ти мај. Тоа е онаа планета која не стравува од ништо и сака сè, вашата желба ќе стане огромна за да создаде нови искуства во работата, во пријателствата и во љубовта.

Бик – Можеби деновиве сте разговарале со некого за некои работи и не сте имале добар одговор. Или непотребно сте потрошиле пари за непредвидени нешта, па сега може да бидете засегнати од моментите на напнатост со кои мора да се управува мирно и трпеливо. Воздржете се малку, делувајте мирно и почекајте поубави денови. Април ќе биде многу убав месец за вас, бидејќи Венера ќе влезе во вашиот хороскопски знак. Во љубовта, мора да признаете – не сте инвестирале доволно во партнерот во последно време, па оттука ве чуди сега неговата не толку голема наклонетост кон вас, не дозволувајте оддалечувањето да земе замав. Голема помош ќе добиете од Месечината во Риби, за три дена.

Близнаци – Решавањето на прашањата од минатото не е лесно, но вие сте знак кој не дозволува да бидете под туѓо влијание. Во овие денови, тргнувајќи од денешниот, можете добро да се справите со промените и новостите во вашиот живот, и поради оваа причина нема премногу да се лутите ни за емотивните ни за материјалните прашања. Позната е вашата динамичност и тоа дека не дозволувате да бидете обесхрабрени од тешкотиите, а денес згора на тоа ќе имате и голема виталност. Држете се добро, не се предавајте, ѕвездите не ви се наклонети во овој период, но тоа не значи да не гледате само напред!

Рак – Ќе имате добра втора половина на месецот март, па дури и ако имате чести подеми и падови во зависност од денот, сепак пред вас е воопшто добро време. На работното место, би можеле да добиете интересна понуда, но за да постигнете резултат или победа, потребно е да се борите. Значи, задоволствата може да ги постигнете, само доколку се заложите за нив, затоа не бидете обичен набљудувач на ситуацијата во која вие треба да ја земете главната улога. Не заборавајте ја девизата дека во еден клучен момент, човекот е господар на својата судбина, а грешката не е од ѕвездите (Шекспир). Денес, благодарение на моќната Месечина во Риби и Јупитер во Шкорпија, имате можност да ја смените насоката во многу области од вашиот живот.

Лав – Четврток, 15-ти март ќе биде интересен ден. Ѕвездите ве потсетуваат дека ова е период на заздравување, а утре ќе мора да бидете внимателни, особено во работата. Трпението треба да го протегнете до летото, меѓу мај, јуни и јули може да направите важни одлуки за вашата судбина. Во овие денови пак, силата на Уран мора да се искористи пред сè во работата, бизнисот, учењето, во напредокот во било која професионална област. Време е да си ги вратите амбициите, да се вмешате во конкуренцијата и полека да целите кон враќање на вашиот „престол“ кој некаде го загубивте.

Девица – Сонцето е сеуште во лоша поставеност, во опозиција, но по не толку пријатниот период кој помина, време е да си ја вратите енергијата. Се што до денес ви создаваше тензии, од утре ќе ви помогне да бидете посилни и поуспешни. Кон крајот на март и почетокот на април очекувајте нова личност во вашиот живот која ќе влезе преку „голема врата“. Интересни вести ве очекуваат и на работното место и на сентиментален план, дури и паровите кои се во постојана кавга сега ќе можат да живеат убави заеднички моменти. Секоја промена, на било кое поле, е повеќе од добредојдена.

Вага – Денес, максимална ефективност се очекува во многу сектори. Венера и Плутон се во прекрасна астрална поставеност и ви носат дури 80 отсто позитивно влијание. Во љубовта, периодот ветува многу интересни работи, особено на оние кои се во пар.  За сингловите пак, шансите се преполовени: многу помалку средби, но затоа меѓу ретките може да се најде и успешна.  Прогнозите на денот во работата поттикнуваат да не се откажувате, особено оние кои се соочени со преземање на  доста предизвикувачка ситуација.

Шкорпија – Денот дефинитивно ќе започне со намалена брзина, но може да се каже дека вашиот четврток ќе биде прилично„наопаку“. Меркур и Венера се сметаат за негативни и носат отежнувања на ситуациите, особено кога тука е вмешан и Сатурн. Што да очекувате и што да правите во љубовта? Да речеме дека многумина би можеле да бидат сведоци на повторното оживување на одредени емоционални проблеми што ги доживеале во последниве денови. Пробајте да не се „храните“ со минатото, да не се навраќате на спомените и да не ги отворате старите дискусии. Мудриот човек вели: „Кој ме сака, ме следи“. Земете ја оваа девиза в предвид денес. Слободните, треба да направат пауза од неколку дена. Во работата, ништо нема да ви пречи без разлика на неповолниот период, но воздржете се од провокации.

Стрелец – Пред вас е четврток кој бара многу енергија, но кој на крајот на денот ќе ви донесе задоволство. Марс е во тригон со Уран, а тоа ќе биде гаранција за среќа и позитивност, благодарение на поддршката на одличното Сонце во Риби. Во љубовта, хороскопот од 15ти март не носи големи вести, но е подготвен да се обложи дека на крајот од периодот ќе имате многу малку да се пожалите на ѕвездите. Оние кои се во пар, нека не се откажуваат баш сега: создадете листа направена од мали цели што треба да се постигнат и полека почнете да ги остварувате една по една. Не може се одеднаш!Слободните, подготвени се да го освојат светот. Па, денот ќе биде ваш, искористете го тоа. Во работата, ослободете се конечно од лошите навики.

Јарец – По малку напорниот период, Јарците денес можат да се пофалат со одличен ден. Јупитер во одлична поставеност со Плутон ќе донесе среќни вести.  Во љубовта, фокусирајте се на нежноста и добрата имагинација: некои Јарци ќе слушнат добра вест пренесена директно од лице што припаѓа на воден астролошки знак.  Слободните, исто така, сега ќе ја разгледаат можноста за постигнување на компромис: важен е резултатот. На работа, моментот може да биде идеален за да започнете нов проект или нешто за што особено се грижите.

Водолија – Нема да може да се пофалите со прекрасен ден. Болна точка на денот е Сонцето во квадрат со Марс што ќе ви донесе нервози. Како да се однесувате во вакво време? Ако веќе се соочувате со тензии, тогаш обрнете внимание на следните чекори кои не смеат да бидат агресивни, туку осмислени и спокојни. Не заборавајте дека вашата агресија ќе ја поттикне и испровоцира туѓата агресија. Оние кои се во пар, обидете се да разговарате со својата сакана со мирен тон, избегнувајте предизвикувачки разговори зошто може да паднете од тава полна со жар! На работното место пак, повеќете од вас ќе почувствуваат несигурност во врска со некои важни прашања. Побарајте совет од постар колега.

Риби – Ова ќе биде одличен ден за Рибите. Силната точка сигурно ќе биде влезот на Месечината во знакот, извор на радост и среќа во сентименталното поле. Според хороскопот од 15ти март, во љубовта, не треба да има моменти на сопнување или кочење, сè ќе тече според вашите планови. Оние кои сеуште се сами, можат да сметаат на поголеми шанси за средби и огромна поддршка од ѕвездите. На работа, минуваат моментите на тешкотии: подгответе проект за блиска иднина, тоа сигурно може да биде победнички избор.

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...