Дневен хороскоп (понеделник) – Топ знаци на денот Девица и Овен

Што не очекува денес, 5-ти март 2018, според астролошкото небо? Овните се пред интересен период, Биковите се многу нервозни, на Близнаците пак, им се враќа доброто расположение. Раковите се пред нов работен предизвик, Лавовите конечно ќе најдат среќа во љубовта, Девиците насекаде ќе ги следи среќа, додека Вагите се соочуваат со прилично тежок ден. Добри вести ќе слушнат Шкорпиите, Стрелците ќе си ја вратат енергијата и оптимизмот, Јарците се на крстопат – ќе требаат да одлучуваат по кој пат да тргнат, Водолиите конечно можат да добијат појасни идеи, а за Рибите продолжува среќниот период.

Овен – Се наоѓате пред интересен и среќен период во кој можете да сметате на добро обновување на енергијата. Ќе имате можност да ја потврдите својата позиција на работното место. Астролошката состојба е поволна, а убавите планети Венера и Меркур влаегуваат во вашиот хороскопски знак. Ве чекаат добри вести. Разочарувањата и тагите од минатото ќе бидат заборавени.

Бик – Со поставеноста на Месечината во опозиција, денешниот ден, но и утре, би можел да биде доста комплициран за да помине без нервози. Мали одложувања или непредвидени настани на работното место ќе ви предизвикаат дополнителна вознемиреност. Затоа, подгответе се за одредени моменти на напнатост, кои ќе ви предизвикаат лошо расположение.  За среќа, ќе имате добро обновување на енергијата во текот на викендот, кога љубовта и среќата ќе ви помогнат да доживеете интензивни емоции.

Близнаци – По тешкиот период, хороскопот од 5-ти март се чини дека јасно се опоравува и далеку е подобар од претходниот период. Всушност, од утре (вторник) повеќе нема да имате противење на Венера и Меркур, па ќе биде полесно повторно да ви се врати доброто расположение. Особено големо обновување на енергијата ќе добиете на љубовен план, ќе добиете желба да се вратите во игра, а оние кои се во врска – ќе си ја вратат довербата во партнерот. Внимание само во четврток и петок, кога би можеле да се јават недоразбирања на сентиментален план.

Рак – Оваа недела сте пред освојување на убав предизвик. Многумина ќе ги покажат своите вештини и ќе добијат значајна потврда на работното место. Сепак, неопходно е да бидете многу претпазливи, бидејќи Венера и Меркур ќе станат неповолни и ќе ризикувате да ја изгубите смиреноста дури и за тривијални прашања. Сатурн во опозиција, укажува дека оваа година ќе биде неопходно да се работи напорно за да се постигнат одредени успеси. И покрај тешкотиите, сепак, Јупитер е поволен, така што нема да има недостаток на можности за постигнување добри резултати.

Лав – Конечно родените во знакот Лав ќе најдат поголема среќа во љубовта, благодарение на поволниот аспект на Венера. Подгответе се да доживеете интензивни емоции и да најдете повеќе страст во вашата љубовна приказна. Осамените ќе имаат можност за среќни состаноци.  Она што е важно не е да погледнете назад, туку да се обидете повеќе да инвестирате во вашата сегашност и иднина. Обидете се да не ја потценувате важноста на новите познанства и новите контакти, дури и на работното место.

Девица -Астролошката состојба ви е одлична, хороскопот од 5-ти март покажува добро обновување на полето на љубовта, но и во работата, всушност насекаде ќе ве следи среќа. Последните неколку недели беа особено тешки за вас, многу инвестиравте во реализацијата на некои проекти, но имаше пречки кои ве принудија да забавите. Но сега, може да сметате на подобра астролошка поддршка. Како и денешниот ден, целата недела ќе биде добра, особено саботата и неделата кои се вашите најдобри денови во неделата, благодарение на одличниот аспект на Месечината.

Вага – Меркур и Венера се во опозиција и ќе донесат тензии и контроверзии кои ќе ве присилат да ја разгледате вашата позиција на работното место, но и на сентиментален план. Некои одлуки може да бидат условени од очекувањата на другите. Не ги фаворизира оние кои се обидуваат да водат сметка за вашите интереси, бидејќи во иднина ќе ви предизвикаат многу несигурно салдо. За поважни чекори, не го користете овој ден, туку почекајте до четврток и петок, кога Месечината ќе биде поволна.

Шкорпија – Денот ветува многу, 5-ти март. Со овој ден ќе се отвори всушност убавиот почеток на неделата која ќе се одвива во позитивни насоки. Посебно искористете ги денешниот и утрешниот ден, кои се многу среќни. Веројатно ќе слушнете одлични вести, кои ќе ви помогнат да си ја вратите довербата во себе. На сентиментален план, љубовта полека се обновува, како и позитивната енергија, која ќе биде во полн расцут за викендот.

Стрелец – Конечно може да сметате на повеќе хармонични и поволни ѕвезди. Контроверзноста и тензиите што ве погодија во последните денови, конечно, станаа минато. Стрелците ги очекува одлична обнова на енергијата, особено на полето на љубовта.  Повторно ќе го откриете спокојството, а тоа ќе ви помогне да погледнете кон иднината со нова перспектива. Вашиот оптимизам ќе ви помогне да го вратите ентузијазмот за да направите нови планови за иднината.

Јарец -Во првиот дел од работната недела можеби ќе треба да ја покажете својата сила, донесувајќи одлучни одлуки. Почекајте до среда за преземање на покрупни чекори. Денес треба да ја процените ситуацијата и можностите на повнимателен начин – кој е најдобриот избор за вашата иднина, но и кои се вистинските луѓе за соработка. Денот ќе ви биде прилично полн со ангажмани, а таква ќе биде и целата недела.

Водолија -Денес се враќа подобрата  астролошка состојба, благодарение на Венера и Меркур, кои ќе биде во добра форма почнувајќи од вторник. Оние кои долго време беа неодлучни и збунети, конечно можат да добијат појасни идеи. На работа, некоја ваша идеја ќе се покаже како особено корисна. Бидете внимателни со управувањето со финансиите, избегнувајте ги инвестициите во долгорочни проекти, чии резултати веднаш не се видливи. На љубовен план пак, за работите да тргнат како што треба ќе мора уште малку да почекате.

Риби – Родените во Риби, како и другите водни знаци, се фаворизирани со прекрасна астролошка поддршка во последниот период. Задоволствата и можностите за демонстрирање на вашите квалитети не недостасуваат, и сега е најдобро да вложите труд за да продолжите со работните обврски, но и да отворате нови проекти. Позитивниот хороскоп продолжува и понатаму, од 5-ти март, благодарение на одличниот аспект на Месечината, која исто така ќе ве фаворизира и утре.

 

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...