Дневен хороскоп (понеделник): Топ знаци на денот – Шкорпија и Јарец

Шкорпиите и Јарците се најдоа на врвот на листата на најподдржуваните знаци во првиот ден од оваа седмица. Што ви „скроија“ ѕвездите за 19-ти март, 2018 година, прочитајте во хороскопот.

Овен – Небото над Овновите е полно со ѕвезди и наскоро ќе се приклучи уште една. Сакате да знаете кои ѕвезди? Па, токму сега ги имате „над вас“ Уран, Месечината, Меркур и Венера, а се очекува и влезот на Сонцето, кој ќе се случи во вторник, 20ти март, во 17:15 часот. Накратко, целосна збунетост, хаос и конфузија! Но, да ги оставиме различните (премногу!) астрални фигури кои одеднаш се вмешаа во вашиот живот, и да продолжиме да даваме информации за напредокот во периодот. Според предвидувањата од 19-ти март, во врска со љубовта, ќе се соочите со неизбежни сентиментални случувања. Оние кои се во пар, би можеле да решат некој заеднички проблем кој се влечел подолго време, но не се исклучени и креирања на нови проблеми. Слободните Овни ќе бидат најмногу погодени од „не“ моментите: може да изгубите кредибилитет кај лицето за кое сте заинтересирани. Во вашата работа, треба да се обидете да ја одржите самоконтролата, и да поттикнувате и воспоставувате хармоничност на работното место.

Бик – 19ти март се очекува да биде одличен за многумина од вас Бикови. Многу набрзо Уран ќе влезе во „вашето небо“ и ќе ви донесе поголеми проммени, но за сега уживајте во позитивните текови што ви ги дава Јупитер, планетата на среќата, со позитивно влијание до дури  85% и во спектакуларна поставеност со Сонцето во Риби. Во љубов, особено ако сте во двојка, соучесништвото ќе владее, а разбирањата ќе бидат без каков- било компромис. Многумина ќе внесат нови искри во заедничкиот живот, односно повторно ќе ја разбудат малку заспаната љубов. Слободните Бикови се пред задоволителен период: препуштете им се на соништата и фантазиите, кој знае, некои од нив навистина би можеле да се материјализираат. Во работата, добрата комуникација со колегите и релативната способност за работа заедно, ќе бидат силни точки во периодот.

Близнаци – Не баш поволен понеделник скоро на сите полиња. Причината? Плутон во квадрат со Месечината и Венера: како да се каже дека „користите бензин за гаснење на огнот!“. Во љубовта ѕвездите ве предупредуваат на максимално внимание. Навистина, на многумина од вас ќе им треба повеќе разбирање од партнерот. Слободните Близнаци ќе ја почувствуваат желбата да променат нешто во нивниот сегашен живот: се разбира, стравот е толку многу голем, но резултатите што би можеле да произлезат ве покануваат да пробате. На полето на работа, периодот е сосема неизвесен, со искреирани ситуации во кои нема да знаете да се снајдете како да го промените курсот или како да постапите. Не дозволувајте да бидете под влијание на премногу емоции или нервоза: што треба да се случи, ќе се случи.

Рак – 19ти март ќе биде полн со добри вести. Сите астролошки услови ќе бидат тука, сè што треба да направите е да го искористиме вистинскиот момент. Во преден план е одличната релација на оние кои се во пар, па ќе имаат можност за значително подобрување на врската и постигнување на убави договори. Ѕвездите ви предвидуваат многу позитивни емоции и љубов. Поддржани од непогрешливата великодушност на ѕвездите, понеделников, конечно, можете да уживате во тивко започнување на неделата, исчистени од вообичаените проблеми и потешкотии. За слободните Ракови, периодот најавува возбудлива авантура. Подгответе се да ги откриете прилично длабоките страни на еросот, доживувајќи чувства кои никогаш претходно не сте ги доживеале. Во работата, практично се, или скоро се, ќе се одвива непречено или без проблеми: ако знаете како да го одржите вашиот темперамент под контрола, на крајот ќе може да имате огромни задоволства.

Лав – 19-ти март се очекува да биде добар ден, дури и ако резултатите не се премногу видливи. Астралниот хоризонт нема да биде ни негативен, ниту премногу позитивен, да речеме – ќе биде пријатно избалансиран.  Значи, вие ќе бидете единствените кои ќе бидат одговорни за добриот или лошиот успех во периодот. Подгответе се да ја користите главата, наместо импулсивноста.  Што се однесува до љубовта, обидете се да се фокусирате на прашањата поврзани со чувствата кои му ги давате на партнерот. Но покрај љубовта, треба да ја вратите и целосната и безусловна доверба. Слободните Лавови, може да имаат добра карта во ракавот, па ако е така – „употербете“ ја за личноста која ви е драга. На работното место се ќе биде вообичаено: ништо ново, но сепак, не земајте се „здраво за готово“.

Девица – Понеделник е ден со слаби резултати, „потиснат“ поради астралните ситуации кои не се многу позитивни за вас. Доброто Сонце, кое во моментов се наоѓа во тригон со Јупитер, е под притисок на Марс кој е во лоша поставеност (квадрат). Затоа, многу малку надежи се наведени во хороскопот од 19ти март: во љубовта, вообичаените проблеми ќе почнат дури и да растат, а ќе бидете под непрестојни удари и обвинувања од партнерот. За слободните Девици ситуацијата нема да се промени многу: може да почувствувате непријатност и осаменост, сеуште ќе ја чувствате болката од некој минат љубовен рафал врз вашата кожа. Во вашата работа, мора да употребите ефективна дипломатија. Постапувајте со голема претпазливост како во изборот, така и во нормалните активности.

Вага – Понеделникот ќе биде за вас доста доблесен, ќе ви донесе среќа. Во љубовта, препорачливо е да се биде малку внимателен кон личноста која ја сакате, бидејќи Месечината ќе биде многу променлива: можеби, уште не е време да бидете целосно ценети од вашето семејство; а може да се случи и вашата врска да не му се допаѓа на некој член од семејството, па да се обиде да ја закочи. Но веќе рековме – ѕвездите се на ваша страна, па ако се грижите за вашата љубовна приказна, борете се за неа!  Слободните Ваги, може да очекуваат наскоро длабока љубов на хоризонтот, но внимание, патот до неа ќе биде долг и трновит. Сепак, со надминување на првите „планини“, ќе излезете со победа. Во вашата работа имате многу идеи за да ги реализирате, па не застанувајте настрана како и обично, туку предложете ги проектите или намерите на вашиот шеф, сигурно ќе бидат земени во предвид.

Шкорпија – Убав понеделник за почеток на работната недела. Ќе бидете фаворити на денот: периодот ќе ве награди со голема среќа и убави чусвтва, а оние кои веќе си ја нашле љубовта – ќе минуваат мигови во прегратки и разбирање. Оние кои се уште ја бараат љубовта – периодот ќе биде полн со убави вести. Многумина од вас ќе почнат да размислуваат за проширување на семејството или пак, за брак. Што и да е, бидете сигурни, дека ова е добар момент. Слободните Шкорпии – имаат толку многу љубов да дадат и многу желба да започнат нова љубовна приказна, така што сè ќе биде во нивни раце: знајте дека периодот е добар, па искористете го! На работа, се ќе биде одлично за оние со сопствен бизнис: ќе добијат големо задоволство! Од друга страна, оние што бараат работа сега ќе можат полесно да ја најдат.

Стрелец – Денот на почетокот на неделата ќе ве биде полн со обврски. Во љубовта, минувате низ период на комплициран однос, каде што довербата почнува да ве напушта. Многумина од вас, ќе почувствуваат нестабилност, но и љубомора или немирни чувства кон партнерот: не грижете се, во реалноста сè е резултат на претпоставки, па немојте да ја нагласувате љубомората непотребно. Слободните Стрелци, порано или подоцна, ќе бидат привлечени од некој кој неизбежно ќе ги „окупира“ нивните чувства: бидете стрпливи! На работа, хороскопот од 19ти март предвидува прилично задоволителен ден за вас: конечно, може да биде време вашиот претпоставен сериозно да ја сфати работата која ја вршите, со оглед на последните задоволителни резултати. Бидете горди на тоа.

Јарец – Ова е вонреден ден за вас Јарците, оценет во прогнозите како еден од најдобрите во овој месец, март. Прекрасни планети ве поддржуваат, Месечината, Марс во добра поставеност, а тука е и многу дарежливиот Уран (планетата на промените), што ќе ви даде значителна можност за позитивни промени на сентименталното и професионалното поле. Во љубовта, имате тежок карактер и го знаете тоа, па не сте секогаш способни да ги покажете вашите најдлабоки чувства. Од друга страна, имате толку многу љубов да дадете и оние околу вас тоа добро го знаат. Слободните, понекогаш изгледаат изолирани и како воопшто да не се интересираат за оние кои би сакале да ги освојат: немојте да бидете тврдоглави, туку  отворете го своето срце! Во работата, можеби мали (или поголеми) промени ќе настапат, но внимавајте што одбирате, а понекогаш е добро и да побарате совет од пријател/колега.

Водолија – Ова е навистина ефикасен понеделник во секој сектор за вас. Вашето астрално небо ќе понуди двојна заштита од несреќа: од една страна тука е совршеното Сонце во тригон со Јупитер, а од друга страна – прекрасната Месечина во тригон со Марс. Во сентименталното поле, можеби ќе живеете голема љубов полна со страст. Оние кои се во пар да внимаваат да не се впуштат премногу во двојна врска! Некои Водолии пак, ќе имаат можност да го испланираат прекрасното патување кое одамна го посакуваат. Слободните, ќе се чувствуваат нестрпливи кон љубовта – сигурно сеуште не сте го сретнале вистинскиот тип, но денес постојат можности да запознаете некого, или да се запознаете меѓусебно со лицето кое веќе ви се допаѓа, но пред вас се и можности за воспоставување на стабилни односи/врска. Во работата,  ќе бидете задоволни и енергични: ако работите на некој проект или нешто друго, наскоро ве очекува успех.

Риби- Почетокот на неделата на Рибите ќе им донесе добар пресврт. Дури и ако Нептун е сè уште неутрален и без астрални контакти за да даде емоции и желба нешто да се направи, поставеноста на ѕвездите е добра – Сонцето е во убав тригон со Јупитер: па, уживајте во ова прекрасно сонце до 21-ви март! Според хороскопот од 19-ти март, во љубовта, многумина сѐ уште ќе бараат совршенство во врската. Бидете повеликодушни и не барајте работи што не се можни или не се остварливи за вашиот партнер. Ако сте сами, може да се чувствувате уморни од сегашната ситуација: ако сте решиле да останете сами, во ред, но не се жалите ако поради вашиот карактер не можете да ја најдете радоста на пристојната врска. Во работата, ќе бидете спремни да го дадете вашиот максимум,  единствениот недостаток е што имате премногу ентузијазам, имате желба која можеби и не вреди толку колку што вложувате за да ја оставрите: потребна ви е доза на релаксација.

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...