Дневен хороскоп – Топ знаци на денот Риби и Шкорпија

Овните да се воздржат од брзи зборови, Биковите да ги искористат контактите со странство, Близнаците се пред добар пат кој им се отвора,  Раковите ќе добијат финансиски приливи, додека Лавовите и Девиците ќе бидат во канџите на страста.  вагите ќе се соочат со неискреност, чуда на љубовен план за Шкорпиите, за Јарците – нов, здодевен ден, за Водолиите – трепение, а за Рибите –  нови прилики и нови луѓе на секое поле.

Прочитајте што ви подготвија ѕвездите денес, 26 февруари 2018.

Овен – Месечинате денес за вас е импулсивна и има тенденција да ве натера да кажете нешто што до денес не било случај. Обидете се да мислите на нешто друго, ќе има посоодветни моменти да се каже нешто што можеби треба да се анализира подобро. Не давајте премногу значење на соништата од изминатата ноќ, предизвикани токму од Месечината во Рак. Малку повеќе внимавајте на здравјето, особено ако сте на возраст над 50 години.

Бик – Месечината сеуште е во добра хармонија со планетите присутни во Риби, пред се со Венера, па затоа ќе добиете одлична поддршка на љубовен и на професионален план, а некои деловни прашања ќе се развиваат во ваша полза. Вредни контакти ќе имате со странство, на инсистирање на супер-поволниот Сатурн. Контактите со странство ќе останат интересни и корисни во текот на целата година. Во љубовта внимавајте да не бидете премногу посесивни, зашто ќе гледате ривали во секоја личност.

Близнаци– Вие сте на почетокот на еден добар пат по кој треба да чекорите. Минатата недела, веројатно, веќе сте слушнале и виделе дека нешто што е важно за вашиот бизнис може да се реализира, а и финансиите доаѓат, вашата кариера се подготвува за новиот расцветан период. Сепак, таквиот период од вас ќе бара многу работа. Големите одлуки ќе „паднат“ после полната Месчина (1 и 2 март). На приватно поле, размислете добро за потеклото на причините за незадоволство.

Рак – Понеделник е вашиот добар астролошки ден, со неверојатна поддршка од Месечината, сега најубава од целата зима. Венера е расположена за дарежливост, ќе бидете изненадени од гест или збор од личноста што ја сакате. Меркур пак, ви приредува одлично изненадување на полето на парите, сега е во одлични релации со Јупитер – планетата на среќата. Очекувајте неочекувани добивки.

Лав – Клучен збор на денот е – страст. Комплементарна атмосфера ќе имате во љубовта, а утре ќе биде уште подобро со уште поповолна поставеност на Месечината. Новите љубовни приказни ќе бидат обезбедени за помладите. На работното место, продолжува бесот кој доаѓа од Марс, кој во секоја ситуација и личност ќе гледа провокација. Сепак, убави и ветувачки нови професионални и финансиски договори се пред вас. Блиску сте до постигнувањето на финансиска цел.

Девица – Нежната Месечина ви обезбедува помалку стресни денови од оние во минатото, ќе спиете подобро, бидејќи сте успеале да поправите многу работи. Сепак, најубавата Месечина ќе пристигне со почетокот на март, кога ќе биде полна во вашиот знак, а од тој момент, приватните и професионалните подобрувања ќе бидат уште пореалистични. На љубовен план, ќе ја манифестирате акумулираната страст. Здравје – можни се алергии.

Вага -Денешниот ден не е соодветен за да започнете со нови бизниси или проекти, со лоша поставеност на Месечината. Ќе се соочите со неискреност во професионалната средина, но неискреноста ќе треба да ја истражувате дури и во приватниот живот, а и во семејството. Изразувајте ги вашите чувства, со тоа ќе поттикнете и другите да си го кажат поискрено своето мислење. Здравје – Кога сте толку вознемирени, стомакот протестира.

Шкорпија -Сентиментални изненадувања за осамените луѓе, нови приказни кои се раѓаат со целосна поддршка на ѕвездите, под влијание на три космички сили способни да предизвикаат вистински чуда: Месечината-Јупитер-Венера! Плодно е небото и за младите брачни другари, особено ако планираат нов член во семејството. Значајна личност од минатото може да предизвика нова страст. Што се однесува до финансиите, на нив ќе почекате уште малку, зашто ѕвездите сега „заговараат“ за вас големи љубовни предизвици.

Јарец– Тоа што ве очекува може да се забележи вака- Кратко патување, одмор, средба со пријателите, малку спорстка активност. Всушност, сè ова претходнонаведено може да се искористи за да помине оваа навистина досадна поставеност на Месечината, која исто така, го одзема кислородот во домот. Во следните денови положбата на Месечината се менува  и таа станува посоработлива. Ќе треба да ги дефинирате вашите должности на работното место и, пред сè, што и колку ќе добиете за возврат.

Водолија – Јасно ви е дека оваа зима за вас не личи на онаа од минатата година, но вашата професионална и работна сезона ќе се совпадне, успешно, со пролетните расцветувања. За една недела Меркур ќе почне да ве штити (и инспирира) поставен на суперкреативна позиција. Поради поставеноста на Месечината, мора да земете предвид дека како и денес, и во следните два дена, не треба да ги предизвикувате брачните другари или воопшто емотивните партнери. Тоа што имате да го кажете, одложете го за другпат.

Риби -Сонцето и Месечината прават совршена хармонија за вас. Во радиусот на двете „светилки“, кои го отвораат умот и срцето, вметната е Венара, а со неа и шансите за нови прилики и нови луѓе кои можат да ви дадат одлучувачки поттик за конечниот успех. Ваквите транзити со исклучителна моќ не се случуваат секој ден, ниту секоја година, па мора да ги искористите во која било област од секојдневниот живот за да си осигурате многу посреќна иднина.

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...