Дневни фустанчиња од &Other Stories кои со задоволство ќе ги носиме оваа пролет

Модната марка &Other Stories ги форсира лесните фустанчиња со миди должина за оваа пролет.

Лесни за носење, едноставни за комбинирање, комотни и лелеави, во ваквите фустанчиња секогаш се чувствуваме пријатно. Погодни се за дневни „кежуал“ излегувања, за „денско“ кафе со пријателките, за „скокнување“ до продавница со стил, се разбира, и за домашна атмосфера. А ги комбинираме со балетанки, рамни сандали или патики.

Материјалите се многу пријатни, дизајните едноставни, принтовите ненаметливи, а сепак весели. Фустанчињата од тексас пак, се главните фаворити за сезоната на потопли денови.

Пронајдете го вашиот фаворит во продолжение.

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...