Добивка од шест погодоци во 9 коло од НовоЛото 7/34 исплатена во Охрид

Деветото коло на НовоЛото 7/34 одржано на 30.01.2019 година донесе добивка од 6 погодоци вредна 218.270,00 денари . Добитната комбинација е уплатена во Охрид, во продажното место Владија. Љубен Крстеноски од Охрид е среќниот добитник на оваа добивка. Тој денес ја посети Благајната на Државна лотарија на Македонија, ја подигна својата добивка и ни ја раскажа својата среќна приказна. Г-нот Љубен повеќе од 20 години ги игра истите среќни броеви, а до сега само неколку пати имал помали добивки. Ова е првата поголема добивка која му донесе 218.270,00 денари и која ќе ја искористи во кругот на семејството. И броевите кои ги игра повеќе од 20 години се броеви кои значат нешто во нивното семејство, среќни датуми, родендени и слично. Г-нот Љубен уплатил 10 комбинации по 20 денари , а добитна е третата комбинација, на која единствено не е уплатен бројот 21 од извлечените броеви во ова коло.

Потрагата по седумката, продилжува и во 10 коло , а нејзината вредност надминува веќе 16 милиони денари. Но секако не заборавјате да уплатите и џокер број бидејќи шестката во оваа игра надмина 3.500.000,00 денари.

 

x

Check Also

Величествен, трогателен и длабок – магазинот „Скрин интернешенал“ со одлична рецензија за „Врба“

Eден од најголемите светски филмски магазини „Скрин интернешенал“ објави одлична рецензија за ...