Добрата хигиена во секој дом е избор

Многу работи се ценат и посакуваат, но ништо не е повредно и поценето од концептот дека домот е посакуваниот “храм” на удобноста, пријатната атмосфера, омилено место кое ни дозволува во целост да уживаме во сопствената приватност со омилените активности и луѓето кои ги сакаме.

Во секојдневие преплавено со информации за многубројни правила и рестрикции, фокусирањето кон позитивните нешта и оддржувањето на пријатна и чиста домашна атмосфера, никогаш не било поважно. Соодветни решенија секогаш постојат – решенија со кои на секој дом може да му се овозможи поголема сигурност и удобност на сите во него, но секогаш се појавува прашањето – кое е најсоодветниот и најекономичен бренд за вас и вашите најблиски? Со зголемено ниво на хигиена и добра доза на упорност и решителност, секој може да го трансформира и разубави својот дом со постигнување на оптимално удобна, чиста и безбедна домашна средина, исполнета со комфор и насмевки, каде што нечистотијата како збор едноставно не може да постои.

Во секој дом се потребни квалитетни апарати за бела техника кои помагаат во борбата против нечистите предмети и површини, бактериите и вирусните честички. А на листата на најдобри брендови за бела техника, на врвот веднаш се забележува квалитетниот македонски бренд за бела техника и мали апарати, Favorit Electronics, кој скоро три децении со својата палета на производи, во секој дом е јасна одлика за квалитет и економичност.

Во многубројните линии на производи од портфолиото на Favorit Electronics, се наоѓа сѐ од бела техника за сечија потреба и сечиј џеб. Од менаџментот на брендот велат дека се особено горди што имаат избор на корисни производи што нудат сигурност и заштита за своите корисници.

„Добрата хигиена во секој дом е избор. Во ова време кога сите се бориме и наоѓаме начини за да си го заштитиме семејството и најблиските, особено сме горди што сме дел од решението за постигнување на уште повисоко ниво на хигиена во секој дом. Нашата мисија е „Најдоброто за Вашите пари“, а секако особено сме горди што нашите производи го нудат и најдоброто за здравјето на нашите потрошувачи. Удобноста и сигурноста на домот се постигнува со производи со кои што нашите потрошувачи секогаш ќе имаат чисти алишта, простории без прашина, беспрекорно чисти садови – дом во кој можат да уживаат. Тие можат да одберат од големиот асортиман на Favorit производите и во својот дом да користат квалитетни производи од бела техника како што се квалитетни машини за перење садови, машини за перење алишта, машини за сушење алишта, пегли за алишта, клима уреди, правосмукалки и уште многу уреди со кои домот е удобен и е исполнет со чисти површини, безбедни од било какви нечисти и непосакувани честички кои можат да го нарушат здравјето. Ние постоиме за да понудиме квалитетен и удобен дом, а довербата која ја имаме во изборот на нашите корисници, е секако двострана и истата постојано се зголемува“, изјави Тијана Станојевска Ристовска, прв директор на компанијата.

Favorit постојано ги истражува потребите на своите корисници, се стекнува со нови знаења и користи најнова технологија за изработка на производите. Имајќи го во предвид здравјето како најголем приоритет за секого во новото секојдневие во кое живееме, одржувањето на задоволително ниво на хигиена во домовите и отстранувањето на бактериите никогаш не било полесно и попотребно. Одберете некој од ефикасните Favorit производи со врвни перформанси од најблиското продажно место, со достапни производи на Favorit Electronics или само посетете ја официјалната web страница http://www.favoritelectronics.com/mk и пронајдете го совршениот производ за вашиот дом.

 

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...