Добриот дизајн е секогаш во мода: Најубавите постери на Зимската олимпијада

Незаборавни постери за Зимските олимпијада од Ванкувер 2010 до Шамони 1924.

poster 1

Овие денови голем дел од човештвото ги следи преку ТВ-екраните (а некои и во живо) натпреварите на зимските Олимписки игри. Но првата олимпијада што имала телевизиски пренос била озлогласената берлинска Олимпијада од 1936 година. Додека претходните две Олимписки игри биле покриени со радио пренос, на игрите во Берлин две германски компании, Телефункен и Фернсех влегоа во историјата на телевизијата пренесувајќи по првпат во живо некои од спортските настани. За прикажаните 128 часа програма во живо употребувани се три електронски камери и 24 филмски, а 162 илјади гледачи го гледале преносот на специјалните екрани поставени во Берлин. Овие Олимписки игри имале и голема радиопрограма, со 2.500 преноси на 28 странски јазици.

Не само во телевизиската историја влезе оваа берлинска Олимпијада. Берлин во 1931 година е одбран како град домаќин на Игрите од 1936 година победувајќи ја Барселона а оваа одлука е донесена пред национал-социјалистичката партија да ја преземе власта во Германија. Сепак, нацистите Олимписките игри ги гледале како пригода за сопствена промоција иако Хитлер во почетокот не сакал Олимпијадата да се одржи во Берлин. За потребите на промоцијата на нацистичката партија била ангажирана режисерката Лени Рифенштал, која снимила два филма на тема Олимпијада, кои и денес претставуваат восхитувачко достигнување во филмската индустрија и можеби повеќе од сите други филмови го промовираат олимпискиот дух.

Но да се потсетиме на најфантастичните постери направени за Зимските олимписки игри.

poster 2

poster 3

poster 4

poster 5

poster 6

poster 7

poster 8

poster 9

poster 10

 

x

Check Also

Збогум ножици, Жан Пол Готје го напушта светот на високата мода

По 50 години кариера, Жан Пол Готје го објави своето пензионирање преку ...