Предновогодишно отворање: Кавали ресторан во Мајами
Мајами од вчера има нов центар за собирање. На самата плажа Саут Бич, креаторот Роберто Кавали го отвори својот Кавали ресторан.
Дизајнерот најави дека ќе се држи до традицијата на неговите ресторани, особено до тосканската кујна. Во ресторанот ќе се служат и врвни италијански вина, а акцентот ќе се стави на вината од неговата лозница во Фиренца.
Дизајнот е исто така во стилот на Кавали, со животински принтови.
Дочекот на Нова година чини 200 долари по лице за три менија и 300 долари за пет дегустации на специјалитети. Вип-масите можат да се откупат за максимум од 8 до 10 луѓе и чинат 10.000 долари.
Новогодишната забава започнува во 23 часот а ќе трае до зори.
На новогодишната забава во својот нов ресторан ќе присуствува и самиот Кавали.