Додатоци за слабеење во летните пијалаци

Ако сакате да загубите некој килограм за време на летото без посебен напор, летните пијалаци збогатете ги со состојки кои помагаат за забрзување на метаболизмот и елиминирање на масните наслаги.

pij123

Еве неколку идеи.

Кефир – Одличен додаток за различни комбинации на летни напивки. Може да се измеша филџан кефир во блендер заедно со јаготки, малини и боровница и здравиот пијалок полн со витамини е подготвен.

Јаболков оцет – Познат по регулирањето на шеќер во крвта и во борва против наталожувањето на масни наслаги, две лажици јаболков оцет можат да се стават во чаша вода и пијалакот да се заблажи со лажичка мед. По желба може да се додаде и лимон и ѓумбир и летната напивка за слабеење е готова.

Лимон – Лимонадата е освежителен летен пијалак а при тоа помага во процесот на слабеење. За да биде повкусна и поефикасна во топењето на масните наслаги може во неа да се додадат неколку ливчиња нане и малку ѓумбир. Исцеден лимон може да додадете и во други летни коктели, сокови и чаеви.

pij234

Лубеница – Природно сиромашна со калории, лубеницата е идеална за летни пијалаци – може да се додаде во фрапе и во други сокови.

Киви – Изобилува со витамин Ц, а познат е и по тоа што го регулира нивото на хормоните на стрес во телото и го контролира лошиот холестерол. Може да биде дополнителна состојка во сите овошни фрапеа.

 

x

Check Also

Неколку причини кои ни таложат килограми

Во здравата исхрана и физичката активност е клучот до витката линија, но ...