Додатокот на опавче-коса на Кајли Џенер чини 8 илјади долари

Некои луѓе трошат голем период на време за да успеат да ја израснат косата, а други си купуваат коса и си ја додаваат на сопствената. Според, Refinery29, ултра-долгото русо опавче кое Кајли Џенер го носеше за својот роденден, чинело 8 илјади долари.

На својот роденден Кајли Џенер изгледаше како барби кукла. За тоа придонесе и облеката со Сваровски-кристалчиња, но и долгото опавче.

Инаку, станува збор за додаток од природна коса, кој бил нарачан од Русија, па со тоа и немало потреба од дополнително бланширање или боење. Интересно е што ваквиот мерак на Кајли траеше само еден ден, поточно само една ноќ – вечерта за нејзиниот роденден, а веќе следното утро го отсранила.

 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...