Доделен автомобил од Телеком на корисник од Скопје

• Хајрулах Ајрулаи денеска ги доби клучевите од Peugeot 208, главната награда од при-пејд наградната игра
• Покрај автомобилот, во текот на наградната игра секој ден се доделуваше по еден смартфон Samsung Galaxy J6

Хајрулах Ајрулаи од Скопје е среќниот добитник на автомобил Peugeot 208, главната награда од припејд наградната игра „Дополни и добиј“ којашто ја организираше Македонски Телеком. Ајрулаи денеска ги доби клучевите од својот нов автомобил.


„Прв пат учествувам во наградна игра и ја добив главната награда. Навистина сум изненаден. Имав голема среќа. Кога ми соопштија дека сум добитник на Peugeot 208, мислев дека се шегуваат. Немаме автомобил, така што ова изненадување е добредојдено за моето шестчлено семејство. Моите две мали дечиња со нетрпение го очекуваат овој прекрасен подарок“, изјави Хајрулах Ајрулаи при врачувањето на клучевите од автомобилот, истакнувајќи дека неговото семејство долги години се задоволни корисници од услугите на Македонски Телеком.
Наградната игра којашто се организираше за сите нови и постојни припејд корисници, траеше од 26 ноември минатата година до 14 јануари годинава. Главната награда беше извлечена на 15 јануари. Освен главната награда Peugeot 208, секој ден додека траеше наградната игра, Телеком доделуваше и по еден смартфон Samsung Galaxy J6, а корисниците коишто се регистрираа за играта, добиваа 1 GB интернет.

x

Check Also

Скопје Мериот хотел заедно со Црвен Крст ќе собираат донации за социјално загрозените семејства

По повод одбележувањето на Светскиот ден на гладот, Скопје Мериот хотел и ...