Доделени Еуролинк стипендии за 30 студенти од Правен факултет „Јустинијан Први“, во вкупна вредност од 1 700 000,00 денари

Во насока на реализирање на годишните активности, вчера во просториите на Еуролинк Осигурување беа потпишани договорите за 30 стипендии на најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, за учебната 2019/2020 година, во вкупна вредност од 1.700.000,00 денари. Еуролинк стипендиите се доделуваат веќе шест години по ред, како дел од долгорочната платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување Олга Костовска им посакува на сите стипендисти да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски и да ја негуваат хуманоста.

Еуролинк стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовните студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000,00 денари, додека стипендијата за студентите од втор циклус е во висина од 60.000,00 денари. Во изминативе шест години Еуролинк Осигурување додели повеќе од 150 стипендии на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје.

 

x

Check Also

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на завчерашниот Galaxy Unpacked настан, ...