Документарни филмови идеални за викенд: Ако ја сакате модата, овие документарци не ги пропуштајте!

Доколку сте заинтересирани за модниот свет, модните дизајнери и модната индустрија, не ги пропуштајте овие документари филмови.

Dior And I (2014)

Овој документарен филм раскажува за дебитантската колекција на Раф Сајмонс претставена преку осум недели. Интензивниот документарец претставува информативен приказ на стварноста со која се соочува секој дизајнер на врвна позиција. Интересно е да се набљудува изработката на колекцијата со исклучителни дизајни и врвни материјали, но и да се видат стресните ситуации во кој е ставен дизајнерот.

McQueen (2018)

Издаден годинава, овој докуемнтарен филм го претставува животот на прерано починатиот моден гениј Александар Мек Квин. Тоа што за својот краток живот го реализираше овој дизајнер, ретко кој може да му биде рамен. Филмот содржи биографски приказ на неговиот живот и работа, претставен е односот со семејството и периодот на депресија кој на крајот ќе го чини живот.

Valentino: The Last Emperor (2008)

После речиси 50 години од основањето на модната марка Валентино, основачот Валентино Гаравани одлучува да се повлече во пензија. Но пред тоа да го направи, мора да ја претстави последната колекција. Документарецот ги претставува подготовките за неговата најголема и најзначајна работа – последната модна ревија. Дополнително, документарниот филм ја прикажува посебната личност на Валентино која засекогаш го смени ликот на италијанската модна сцена.

L’amour Fou (2010)

Прекрасен и искрен приказ на животот на францускиот моден креатор Ив Сен Лоран. Филмот ја прикажува неговата љубиов кон модата, неговиот вонсериски талент, препреките кои му стоеле на пат, но и неговиот необичен живот. „Модата бледее, стилот е вечен“ се зборови на Сен Лоран по кои ќе го помнат сите идни генерации.

Alexa Chung: The Future of Fashion (2015)

Документарна серија во неколку продолженија која се занимава со различни сегменти од модниот свет, а снимена во соработка со Вог. Главна улога има Алекса Чанг која одлучува да дознае што точно работи модниот дизајнер, како функционираат стилистите и што значат модните предвидувања.

x

Check Also

Нова колекција на венчаници од Carolina Herrera

Каролина Херера ја лансираше новата колекција на венчаници дизајнирани за сезоната есен/зима ...