Dolce&Gabbana ја слават елеганцијата за есен 2019

На Миланската модна недела, повторно големо внимание привлекоа Доменико Долче и Стефано Габана со новата колекција насловена „Елеганца“ дизајнирана за сезоната есен 2019.

Како модели, на модната сцена колекцијата ја презентираа инфлуенсери и деца на познати родители. Ревијата започна со серија на креации во црна и бела боја, инспирирани од машкиот стил. За оние пак, кои повеќе го преферираат женствениот изглед, следуваа цветни, романтични и раскошни креации во живи нијанси.

Во колекцијата која содржи над 120 модели, не недостигаа ни ретро изгледи инспирирани од 50-те години.

Уживајте во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Есен во стилот на 70-те со новите модни парчиња од MANGO

Есенската колекција од Манго воодушевува и не навраќа на духот на 70-те ...