Долче и Габана се невини!

Судот одлучи: Доменико Долче и Стефано Габана се невини по обвинението дека затајувале данок.

Уште од пред неколку години беа цел на истрага попради сомнеж дека избегнале да платат околу 40 милиони евра за зделка со која извршиле продажба на голем дел од бизнисот на луксембуршката фирма Гадо. Во 2010 година дури беа обвинети дека избегнале да платат над милијарда евра, но тие се спротивставија тврдејќи дека обвинувањата не се точни и дека се невини.

По неколку години истражни дејствија годинава беа казнети со 18 месецеи затвор и над 400 милиони евра парична казна. По жалбата и повторното разгледување на случајот, судот вчера одлучи дека не постојат елементи за покренување случај против Долче и Габана и тие се прогласени за невини по претходните обвинувања.

Радосни од исходот, во својата официјална изјава Доменико и Стефано рекоа:

–  Секогаш сме биле чесни и многу сме горди за ова признание на италијанскиот суд. Да живее Италија!

dg4

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...