И Долче и Габана „забегаа“ во антика: идеи за скопјани за на викенд во Грција!

Е да, провокативен наслов, ама знаете веќе, нас не не интересирала никогаш политиката, туку модата.

d1

И знаете и тоа веќе, многу ни се симпатични Долче и Габана. Па често ги спомнуваме нивните оригинални кампањи и креации.

И само што сакавме да ги заобиколиме денес, ете ти ја новата кампања која не боцна право в око. Имено, станува збор за посебна линија на модната двојка инспирирана од грчката антика. Па така, на моделите кои се наоѓаат во колекцијата за оваа пролет и лето, има изобилство од скулптури и кипови.

d3И веднаш се сетивме на скопјани. Добро де, и на битолчани, охриѓани, гевгеличани, струмичани, тетовчани…Особено на оние кои ја следат модата, ред е да ги информираме за новата античка колекција на Д&Г, веќе достапна во продажба во сите нивни бутици низ светот.

Имаа бутик во Солун? А во Ханиоти? Во Скопје, за жал, немаат. Или, понекогаш, за среќа. Сметајќи на лудилото на нашите модни зависници (кои често немаат никаква врска со инспирациите на креаторите во кои се облечени поради „тежината“ на марката),  немаше да не чуди ако некој се прошеташе во ваквите модели, на пример, на фри-шоп, на граница. Ма, какви ливчиња за „пролаз“! Ги покажувате само чевличињата и гајле немате. Освен, ако не се впуштите во подетални модни дискусии. Антички.

Или…,замислете само одите на преговори за името стокмени во последната колекција на Д&Г . Не, не би не чудело ако…Ама нели рековме, нема ни „п“ од политика да спомнеме на нашите страници. И си стоиме на зборот. Ја спомнуваме само колекцијата, која рака на срце, за многумина може да биде и многу инспиративна. Доколку знаат соодветно да ја применат, барем во полза на модното дружење, кое не признава никакви политички дискурси, ниту граници.

d6

d4

d5

d2

Ј.К.

x

Check Also

TIME AFTER SUNSET, поглед на пролетната колекција на MASSIMO DUTTI

Малгосија Бела е лице во новата кампања на шпанската модна марка Масимо ...