Домашен антицелулитен-третман со проѕирна кујнска фолија

Долготрајна и мачна е борбата против целулитот. Но, методот со пластична фолија носи одлични резултати.

cel 2

Ако сакате да намалите неколку сантиметри на критичните места, особено околу стомакот и на колковите, пробајте го едноставниот третман против целулит со помош на кујнска фолија. Овој третман помага и за подобрување на циркулацијата, а го намалува и задржвањето на водата во организмот.

Пред самиот третман потребно е да ја подготвите кожата. Со ракавица за пилинг масирајте ја кожата на критичните места додека се туширате, за да ги отстраните мртвите клетки. Потоа подгответе ја маската која ќе ја нанесете пред да го завиткате телото во фолија.

маска од мед, лимон и морска сол

маска од мед, лимон и морска сол

Помешајте 5 лажици мед со свежо исцеден сок од лимон од половина лимон. Додадете 2 лажици морска сол.

Маската добро нанесете ја на телото со масирање. Потоа обвиткајте го телото со пластична фолија, почнувајќи од под градите до над колкиците. Легнете и релаксирајте се половина час. По изминатиот половина час, отстранете ја маската туширајќи се со млака вода.

x

Check Also

3 фитнес грешки поради кои се откажуваме од целта да ослабнеме

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...