Домашен ликер од сливи за мерак, како едноставно да го направите

Од суви или од свежи сливи лесно може да направите вкусен ликер. Доволно е да ги посипете со шеќер и да ги прелиете со ракија и да причекате околу две недели. Некои домаќинки наместо ракија користат вотка или рум, додаваат вино и зачинуваат со цимет, ванила..

Намирници – 1 килограм сливи, 1 стапче цимет, 1 кора од портокал, 450 грама кафеав шеќер, 20 грама ванилин шеќер, 4 дл вотка или рум.

Подготовка

Стеризилирајте голем стаклен сад и во него наредете ги сливите, посипете ги со шечерот, циметот и исечканата кора од портокал. Потоа, прелијте ги сите состојки со алкохол, поклопете го стаклениот сад и оставете го да отстои 2 недели на сонце. Претурете го ликерот од сливи во стерилизирани стаклени шишиња, убаво затворете ги и чувајте ги во фрижидер или на ладно место.

x

Check Also

Видео водич за подготовка на 3 најпопуларни новогодишни коктели

Коктелите се најавуваат како водечки тренд во 2017 година, особено како избор ...