Домашен рецепт за совршено малиџано

Како да направите совршен „зелен ајвар“.

Количината дадена во рецептот е за повеќе тегли.

За да го подготвите домашното малиџано потребно е – 20 парчиња модар патлиџан, 4 кг зелени меснати пиперки за печење, 1 литар масло, 200 милилитри вински оцет, 200 грама шеќер, 800 грама мелени ореви, 150 грама сенф и сол по желба.

Подготовка

Прво, испечете ги пиперките и модриот патлиџан. Второ, исчистете ги од семки и луспа. Трето, се заедно измелете со помош на машина за месо. Потоа, ставете го маслото да зоврие па дури потоа во него додадете ги смелените патлиџани и пиперки. Пржите час ипол. На самиот крај од пржењето додадете го оцетот, оревите, сенфот, шеќерот и солта.

Додека е жешко малиџаното соберете го во врели тегли.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...