Домашен сладолед од банана и путер од кикиритки

Се подготвува брзо, не треба да сте вешти во кујната, а задоволството е неповторливо.

Сладолед од банана и путер од кикирики – Бананата ја замрзнуваме заедно со кората, потоа ја лупиме и сечкаме на мали парченца, ја ставаме во блендер и додаваме 1 лажица путер од кикирики. Смесата ја ставаме во фрижидер и за половина час кремастиот сладолед е подготвен и може да се послужи.

Овошен сладолед – Може да се направи со две или повеќе овошје по желба. Се подготвува лесно и без компликации. Во блендер го ставаме исечканото овошје и додаваме јогурт, лажичка цимет и лажичка мед. Потоа смесата ја оставаме во фрижидер, а по два часа имаме вкусен крем-сладолед.

x

Check Also

Зајакнете го веднаш имунитетот со оваа супа од морков, лук и ѓумбир

Оваа вкусна и здрава супа го подигнува имунитетот, па затоа вклучете ја ...