Домашен сладолед од крушки со карамел прелив, ммм…

А кој не сака сладолед? Особено ако не изобилува со калории, ако е домашно подготвен и ако е супервкусен.

Ниту едно слатко не е толку добредојдено во жешките денови како што е сладоледот. За да го направите домашниот сладолед од крушки ќе ви бидат потребни само 10-на минути.

Од намирници потребни се – 400 грама компот од куршки, 3 крушки, 2 чаши овошен јогурт со вкус на ванила (или праска, крушки, јаболко, по желба), 72 грама шеќер, половина лажица цимет. За сервирање, може но и не мора, малку карамел.

Подготовка

Крушките извадете ги од компотот, но компотот сочувајте го. Изгмечете ги крушките со миксер се додека не направите од нив пире. Потоа, пирето од крушки помешајте го со половина од сокот од компотот, и заедно со јогуртот, шеќерот и циметот. Откако добро ќе ги измешате сите состојки, претурете ги во пластичен сад со капак. Садот ставете го во замрзнувач неколку часа, односно додека смесата не се замрзне. Во текот на замрзнувањето помешајте го сладоледот на секој еден час.

Во меѓувреме, сварете ги 3-те свежи крушки, додека не омекнат. Кога ќе послужувате, ставете по половинка од сварената, мека крушка и во чашката за сладолед додадете малку од останатиот компот (лажица до две) или малку каремел.

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...