Домашен сок за спречување на вирози

Промената на времето во комбинација со стресот можат да го ослабнат имунитетот, па ви носиме рецепт за сок кој ги спречува есенските и зимски вирози.

Сокот се прави од ѓумбир, куркума, портокал и мед. Богат е со витамин Ц, антиоксиданси, а дава енергија и одлична помош е при болки во грлото. Ѓумбирот и куркумата се познати по своите антивоспалителни својства. Уште една состојка која овој сок го прави моќен е планинскиот мед кој има посилно антибактериско дејство отколку останатите медови.

Состојки:

Половина чаша цеден сок од портокал

Изрендано парче ѓумбир

2 лажици планински мед

мала лажичка куркума

Сите состојки се ставаат во блендер. Пијте од сокот два пати на ден.

x

Check Also

Со најпопуларната диета стопете го вишокот килограми до Нова година!

Празничната сезона е пред нас, пред да се снабдите со некој килограм ...