Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ни грамче грижа на совест. Напротив, сладоледот е здрав и одличен е за секоја диета.

Како да го подготвите зелениот сладолед?

Од намирници потребни с е- половина ананас, 1 краставица, 1 јаболко, 1 праска, 100 грама свежи листови спанаќ, 1 гранче свежо нане, засладувач СТЕВИА (или Натрен).

Подготовка

иситнете ги сите состојки и ставете ги во блендер или миксер. Додадете малку вода. Додадете 2 до 3 лажици „стевиа“ (засладувач без шеќер).  Смесата ставете ја во калап, па потоа во замрзнувач да отстои неколку часа.

При послужување во чаша, декорирајте го сладоледот со малини, капинки и слично летно зрнесто овошје.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...