Домашна маска за лице од портокал – совршена за студените денови

Студените денови, воздухот и ветерот придонесуваат за сушење на кожата. Во претстојната сезона на кожата и треба специфична нега, а тоа може да го постигнете и на природен начин со употреба на портокал.

За да ја смирите кожата во студените денови и да ја сочувате нежна и мазна потребен е еден портокал кој ќе го преполовите. Едната половина од портокалот исцедете ја, а сокот помешајте го со лажичка кафеав шеќер и лажичка маслиново масло за да добиете густа смеса.

Оваа смеса нанесете ја на лицето на тој начин што со другата половина од портокалот ќе ја втриете нежно со кружни движења. Масирајте го така лицето неколку минути.

Смесата отстранете ја од лицето со млака вода.

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...