Домашна маска за забрзано растење на ноктите

Направете домашна маска за нокти со која ќе им помогнете побрзо да растат, да не се кршат и да бидат здрави.

За да ја подготвите домашната маска за нокти потребно ви е- свежо исцеден сок од 2 портокала, 2 ситно сечкани лука и половина филџан маслиново масло.

Подготовка

Исцедете го сокот од портокал па во него додајте го претходни исечканиот и истолчен лук и убаво измешајте. Во таа смеса натопете ги ноктите и оставете ги 10 минути. Потоа ноктите натопете ги во маслиновото масло и оставете ги во него уште 5 минути. Повторувајте ја постапката секој ден во следните две недели.

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...