Домати полнети со туна

За летното домашно мени, ние ви го предлагаме медитеранскиот специјалитет домати полнети со туна .

Од намирници потребно е – 185 грама туна во масло, 1 главица кромид, 1/ 4 корен од целер, млад лук, 3 лажици мајонез, 2 лажици лимонов сок, сол, црн пипер, сенф, 8 домати.

Подготовка

Туната изгмечете ја со вилушка, ситно исечкајте го кромидот, а исчистениот целер исечкајте го на долгнавести парчиња. Ситно исечкајте го младиот лук. Мајонезот и сенфот измешајте ги со преостанатите состојки, а потоа додадете ги туната, кромидот, целерот и лукот.

Наполнете ги претходно издлабените и од внатрешната страна посолени и со црн пипер наросени домати.

Сервирајте ги со парчиња целер и парчиња туна на романтичната или елегантна чинија.

Декорирајте употребувајќи ја фантазијата.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...