ДОМИ КОМПЛЕТ – ПРОДУКТ ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ШТО ВИ ОВОЗМОЖУВА БЕЗГРИЖНОСТ СЕКОЈ ДЕН

ДОМИ Комплет е продукт за осигурување на домот од Еуролинк осигурување што овозможува целосна заштита на градбата, покуќнината и опремата во домот. Создаден да обезбеди функционалности комфор на домот наспрема непредвидливите  ризиците како што се пожар, кражба, поплава по кои може да дојде до голема или целосна загуба, ДОМИ Комплетго заштитува животното вложување во домот и обезбедува безгрижност секој ден.Покрај обезбедувањето од ризици, ДОМИ Комплет обезбедува заштита од одговорност кон трети лица, на пример при штети во домот што се пренесуваат кај соседите.

„Во случаите кога има штета во домот, особено кога се тоа целосно оштетени домови, сведоци сме дека семејствата доаѓаат во положба да бараат помош од соседи, пријатели, од институциите, затоа што се наоѓаат во безизлезна ситуација. Со ДОМИ Комплет ние им овозможуваме на граѓаните да не се најдат никогаш во ваква ситуација. Со полисата за станбено осигурување, компанијата е таа што презема одговорност и обезбедува конкретна финансиска помош за санирање на последиците“, велат од Еуролинк осигурување.

 

Токму од овие причини, осигурувањето на домот е практика во развиените земји, каде што и до 95% од сопствениците на домови се осигурени, а во просек 1 од 20 осигурени домови има некакво побарување поради штета во текот на годината. Најчести причини за оштетно побарување се пожар или оштетување на имотот поради кражба.Кај нас, иако од година во година свеста за неопходноста од осигурување на домот расте, сè уште само околу 10% од сите станбени објектисе осигурени.

Новина кај полисите ДОМИ Комплет е можноста за склучување 3-годишен договор за лојалност. Со ова со една полиса, граѓаните си обезбедуваат осигурување за своите домови без да се грижат за роковите и истекување на осигурителното покритие. Полисата за ДОМИ Комплет е достапна со бенефицирана цена од 1200,00 денари за првата година доколку се осигури и автомобил од задолжителна автоодговорност. Цената од 1200,00 денари за првата година е достапна за сите три пакети Стандард, Комфор и Мега и за сите квадратури, со што се овозможува значителна заштеда за граѓаните што ќе се одлучат да склучат ваков вид пакет за лојалност.

Еуролинк осигурување ги повикуваат сите граѓани да се информираат за придобивките од осигурување на домот, да ја заштитат својата најголемаинвестиција навреме и да си обезбедат безгрижност. Повеќе информации се достапни на:http://eurol.ink/DOMI.

 

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...