Домот на Грејс Кели ќе биде достапен за јавноста

Кон крајот на минатата година, принцот Алберт од Монако ја купи родната куќа на својата мајка во Филаделфија и сега куќата се подготвува да биде отворена за јавноста. Отворањето официјално е закажано за почетокот на 2018 година.

Грејс Кели е родена во оваа куќа кадешто го минала детството и младоста. Куќата се наоѓа на веќе познатата адреса 3901 Хенри Авени, а била продадена од семејството на Кели во 1974 година и оттогаш куќата менува повеќе сопственици. Токму поради немарноста и препродавањето од сопственик на сопственик, во домот останува истиот мебел и оригиналните детаљи кои го краселе уште од времето кога во неа живеела Кели.

 

x

Check Also

ГАЛИЧКА СВАДБА 2021: Автентичната традиција продолжува

По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, претстојниот викенд продолжува традицијата на ...