Дона Каран, кралица на Седмата авенија

Ја викаат кралица на Седмата авенија. Нејзиното име стана симбол на градот во кој се роди, а софистицираната мода со нејзин потпис е препознатлив стил на крајот на 20 и почетокот на 21 век.

dona 3

Дона Каран, славната американска икона на стилот и модата, е родена како Дона Ајви Феске, на 2 октомври 1948, во Њујорк. Израснала на Лонг Ајленд опкружена со модниот свет. Мајка ѝ работела како модел, а татко ѝ бил кројач на костуми. Влијанието на семејството се чувствувало од мали нозе, со само 14 години Дона почнува да работи како продавачка во локалниот бутик. По средното училиште, се запишува на престижната Парсонс школа за дизајн во Њујорк. Во текот на студиите, почнува да работи кај креаторката Ана Клајн, каде што набргу е забележан нејзиниот талент и ја примаат за помошен дизајнер. Во текот на тие години Дона се мажи со својот прв сопруг, и го прифаќа презимето Каран, кое набргу ќе го прослави. По смртта на Ана Клајн, во 1974, Дона Каран станува главен дизајнер на куќата, во која останува до 1984 година. Истата година се разведува од првиот сопруг Марк, и се мажи со сликарот Стивен Вајс, со кого почнува сопствен бизнис, под мотото дека ќе „дизајнира модна облека за модерни луѓе“. Првата колекција на женски модели ја претставува во 1985 година. Влијанието на Стивен Вајс на нејзиниот дизајн било пресудно, се тврди дека нејзиниот сопруг, кој во 2001 година почина од рак на бели дробови, многу влијаел на нејзината машка колекција.

dona 1

Препознавајќи ја потребата за евтина модна линија, Дона Каран во 1988 ја лансира линијата Дона Каран Њујорк (DKNY), по линијата за жени наскоро следува џинсот и машка линија со ист потпис.

Империјата на Дона Каран растеше во текот на 90-те години, благодарение на добрата интуиција на сопственичката и одличниот бизнис план. Пред појавата на оваа креаторка, никој на светската модна сцена континуирано не се занимаваше со модата на деловната жена. Функционалната и елегантна облека која може да се носи и во текот на денот и навечер, заедно со мотото дека преку модата може да се пренесе пулсот на Њујорк, гарантираше успех. Дона Каран повеќе пати е прогласувана за дизајнер на годината, а во 2004 година доби и награда за животно дело.

dona 2

Од 2001 година, брендот Дона Каран стана дел од компанијата Луј Витон Моет Хенеси. Договорот за купувањето на брендот, освен 650 милиони долари, подразбираше и останување на Дона Каран како водечки дизајнер на овој бренд.

Колекција езен/зима 2013/2014

Колекција езен/зима 2013/2014

Дона Каран е позната и по своите филантропски работи, учеството во многу хуманитарни акции. Нејзината фондација го помага центарот за заболени од рак, а во 2008 година со креаторката Соња Натал ја основаше Урбан зен фондацијата, во чест на својот сопруг Стивен Вајс. За потребите на оваа фондација ги продаде и личните работи и уникатните примероци од своите креации. Урбан зен се занимава со подобрување на здравствената нега, со промовирање на источните природни лекови, а големо значење им дава и на детската заштита и промовирање на културата и уметноста на Хаити.

dona 6

Дона Каран објави автобиографија под името „Патувањето на една жена“ во 2004 година. Многу е активна, а мирот го наоѓа во својот дом на источен Хемптон, каде што престојува, а по желба на својот покоен сопруг изгради и куќи за секое од нивните три деца.

Сузана Спасиќ

 

 

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...