Доналд Трамп постираше фотографија со Ким Кардашијан во овалната соба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека се сретнал со Ким Кардашијан за време на нејзината посета на Белата куќа. Тој постираше твит со фотографија, во друштво на „реалити“ ѕвездата, во овалната канцелрија и напиша „одличен состанок со Ким Кардашијан денес, зборувавме за реформите во затворите“.

Ким Кардашијан на влезот во Белата куќа

Инаку, Кардашијан се залага за укинување на затворската казна на нејзината баба, Алис Мери Џонсон (63), која е осудена на доживотен затвор за шверцување дрога и бара од претседателот Трамп помилување на Џонсон.

И Кардашијан се огласи преку твитер после средбата со претседателот, нагласувајќи  дека надежта за помилување на Алис Мери Џонсон е реална.

x

Check Also

Модна утка на Меланија Трамп во Египет

Во последниве недели, Меланија Трамп го привлекува вниманието со неколку, последователни модни ...