Донатела Версаче донираше 200 илјади евра за помош на болницата Сан Рафаеле во Милано

Донатела Версаче, креативна директорка на италијанската модна куќа „Версаче“ го следи примерот на нејзиниот колега Џорџо Армани, и донираше 200 илјади евра за болницата Сан Рафаеле во Милано, односно за борба против коронавирусот.

На својата Инстаграм страница, Донатела напиша дека во вакви мигови најважни се заедништвото и поддршката, и дека најнеопходно е да се помогне на оние кои се во првите борбени редови со коронавирусот.

Донацијата е од Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра.

Да се потсетиме, неодамна и модната блогерка, Италијанката Кјара Ферањи собра огромна сума на средства (над 4 милиони евра) кои ги донираше во италијанските болници, особено во преполната со пациенти заболени од коронавирус, болницата Сан Рафаеле во Милано.

За овој неверојатно успешен потфат таа доби аплаузи и „лајкови“ и од славните, како Наоми Кемпбел и Амбер Валета.

x

Check Also

Меган Маркл критикувана од Холивуд за документарниот филм на Дизни: Непотребно помпезна, како патка во езерце…

Војвотката од Сасекс беше студено пречекана од филмските критичари: таа беше наречена ...