Порано богатите луѓе на своите луксузи им додавале имагинативни, удобни кревети со богато изработени балдахини. Во денешно време на овие стари кревети можеме да им се восхитуваме, но и да додадеме многу современи примери.
Направен прво како функционален елемент, балдахинот полека почна да станува важен декоративен елемент на кој се изработувани релјефи и кој е украсен со скапоцени материјали, главно, во домовите на богатите.
Во модерниот дизајн на ентериерот ова парче на мебел доживува вистински препород и можеме да најдеме многу модерни интерпретации на кревети со балдахин.
М.Р