Дотерајте ги дечињата во Original Marines по суперповолни цени (попустите до 50 % се во тек)

Зошто толку ја сакаме модната марка за деца Original Marines? И покрај тоа што логото и името може да сугерираат, Original Marines всушност, е италијанска компанија, родена во раните осумдесетти години од фасцинацијата за„ easywear“ симболот на животниот стил „made in USA“ . Оттука потекнува инспирација на оваа популарна марка за да го изгради својот препознатлив идентитет. И токму тој концепт на практично облекување, неразделно поврзан со идејата на слободно време и динамичноста, а оддалечен од „буржоаскиот“ конформизам типичен за модата на италијанското општество, ја направи компанијата Original Marines лидер во секторот за детска облека, не само во Италија, туку во многу европски земји и во САД.

Дизајнерите од Original Marines, уште од основањето на брендот, преку модните дизајни го реконструираа хипотетичкиот календар на животот на детето во текот на годината и се обидоа да ги задоволат сите потреби на детето нудејќи модни парчиња соодветни за на училиште, за враќање од училиште, за слободно време па се до дизајни за настани и прослави. Ете, токму затоа во Original Marines ќе најдете и за момченцата и за девојчињата соодветни модни парчиња за секој дел од денот, за секоја сезона и за секоја пригода.

Во нашата омилена продавница Original Marines во Скопје Сити Мол, лоцирана на вториот кат, и во Капитол Мол, на трети кат (во состав на продавницата „Крш“), во тек се попустите до 50 отсто на актуелната колекција есен/зима. Искористете го
попустот и дотерајте си ги најмилите во најтрендовска облека која „лесно“ се носи.

Во продолжение, погледнете четири наши Original Marines предлози за зимско дотерување.

x

Check Also

Ви носиме убава вест – во продавниците КРШ пристигна нова линија производи со Lego теми: Lego Dots. 

Ги сакате Lego играчките? Ех, кој не ги сака! Таман кога помисливте дека ...