Дотерајте го вашиот тет а тет партнер: празнична облека за шишиња

Цветови, ѕвезди, метални мрежи, мониста и кристали: еве ги идеите и материјалите  за свечено да ги облечете дури и шишињата за една пријатна празнична вечер. Ви звучи необично? Хм…. Не би рекле!

Француските и италијанските креатотри  веќе си поиграа дури и со „гардеробата“ на шишињата вино и шампањите.

Дизајнерката, Катерина Романо, прва ја почна оваа возбудлива игра. Повратниот одговор беше фантастичен.

„Луѓето навистина сакаат да уживаат во доброто вино, но за свечените пригоди, зошто и тоа да не е соодветно облечено? Веќе сме научени на класичните дизајни кои ги имаат шампањите, па затоа предложив, и ним да  им додадеме малку необичност. Пред „облечениот“ шампањ Вие ќе се чувствувате многу поотмено. Тоа е тет а тет средба, Вие и Вашиот омилен пијалак“ – објаснува Романо.

Креаторот Карло Чинтолези, пак типува на луксузот. Тој смета дека скапите вина треба да „носат“ и скапи „костуми“.

vino 4

Но, „гардеробата“ на вашето шише денес можете да ја изберете според тоа колку сте подготвени да платите. Може да чини и десетина евра, но има и луксузно дизајнирани шишиња кои се продаваат по фантастични цени. „Облеката“, односно материјалите од кои е направена нивната „гардероба“ се главно, среброто и кристалите, но во игра влегуваат и металните мрежи, цветовите, па дури и ракавите од машките кошули.

vino 5

Еве ви неколку идеи кои можете да ги искористите за да ги „облечете“ и вашите шишиња. Не треба да бидете славен дизајнер, туку ви е потребна само малку фантазија:

Нацртајте цветови на лист хартија, а потоа исечете ги и залепете ги за романтичен ефект.

Облечете го шишето – машки. Искористете ги старите кошули, односно, едноставно облечете го омиленото шампањско во ракавот од машката кошула. Наместо вратоврска, ефектен изглед направете со едноставна врвца која ќе го нагласи „вратот“ на шишето.

Можат да бидат кристалчиња или пак, метални мониста кои ќе ги залепите на шишето како да правите мозаик.

Завиткајте го шишето во сребрена лента која можете да ја купите во цвеќарниците.

vino 01

Имате бисерно синџирче кое повеќе не го носите? Искористете ги бисерчињата кои ќе ги залепите на шишето или пак, употребете едноставни мониста.

Едноставно облечете го употребувајќи ткаенина. Можете да го искористите ракавот од вашата тенка или проѕирна кошула, а потоа на горниот дел да додадете свеж цвет.

 

x

Check Also

Мекдоналдс ја предизвикува Гвинет Палтроу со свеќи со миризба на хамбургер

По повод педесетгодишнината, Мекдоналдс објави колекција на свеќи со миризба на хамбургери. ...