Свечени модни комбинации за деца ќе најдете во новата колекција од италијанската модна марка Original Marines кои се достапни во продажба во брендираната продавница Original Marines во Скопје Сити мол.
Елегантната бела боја е доминантна во колекцијата за девојченца, во која наоѓаме прекрасни модели на сукњички и блузички со дискретен цветен принт, апликации од тантела и трендовски карнерчиња во нежни пастелни бои.
Кај момченцата, преовладуваат неутралните бои, во одлични свечени модни решенија, а тука се и елечињата и вратоврските.
Дотерајте ги најдрагите во италијански стил, и уживајте во празничната волшебна атмосфера!