Дозволена висина: А колку сантиметри се вашите потпетици?

Доколку не сакате да си го нарушите здравјето на „долга патека“, не би смееле да носите потпетици над 7,5 сантиметри.

pot2

Американскиот ортопед Емили Спличал објаснува дека сите чевли кои имаат потпетица повисока од 7,5 сантиметри го менуваат начинот на одење – чекорите стануваат пократки, поголем дел од телесната тежина се префрла на предниот дел на стопалото а тоа пак ја нарушува рамнотежата на телото и ги притиска колената и долниот дел на грбот.

Докторката советува дека најдобро е да се избегнуваат екстремно високите поптетици но и екстремно ниските, односно рамните чевли.

„За здрави стапала најдобар е просекот, односно чевли со потпетица од 2,5 до најмногу 7,5 сантиметри“, објаснува таа.

Негативните аспекти на носење на високи потпетици не се ублажуваат ниту со платформи.

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...