Драгана Ангелоски

Драгана Ангелоски: Нудиме ултрамодерен концепт на изработка и купување на чевли и чанти

Со сопственичката на модната марка DIAS, Драгана Ангелоски, зборуваме зошто да се одлучиме за дизајнирани чевли, кои се предностите, кои се можностите на брендот и колкав е интересот кај нас за вакви, уникатни чевли и чанти. Во духот на новата колекција на DIAS, дизајнирана за сезоната на потопли денови, Ангелоски смета дека преку изборот на уникатни чевли и чанти покажуваме дека го живееме животот на свој начин.

-Животот е родео, и сé што треба е да научиме како најдобро да ја испишеме сопствената приказна, вели Ангелоски.

Кои предности ги нуди custom made концептот на DIAS?

-DIAS Custom made концептот е ултрамодерен концепт на изработка и купување на чевли. Нашиот концепт овозможува клиентот сам да одбере модел на чевли или чанта, да одбере совршен ѓон за поголема и подобра удобност, да одбере кожа и да носи чевли кои самиот ги дизајнирал. На ваков начин, нашите клиенти носат чевли кои ретко можат да ги забележат на друго место или кај друга личност. Купуваат чевли кои совршено одговараат на нивното стапало, што значи дека DIAS чевлите нудат посебна удобност. Доколку би морала, со еден збор, да ги опишам предностите на DIAS custom made концептот би рекла дека овој концепт ви нуди единствена можност да бидете уникатни.

Какви се можностите кои DIAS како бренд ги нуди ?

-Можностите се навистина огромни, но накусо, клиентите кај нас можат да избираат меѓу повеќе од 20 модели на чевли, преку 150 видови на кожа, 10-на видови на ѓонови, како и да одберат модел на чанта каква ќе посакаат. Имаат можност да прават комбинации, имаат единствена можност да ги персонализираат чевлите и чантите, со иницијали, со текст, знаци и слично.

Затоа, секој чифт чевли кој излегува од нашата продавница е специфичен и посебен на свој начин, во секој пар чевли или чанта клиентите внесуваат дел од себе, дел од својот дух и карактер.


Колку луѓето се запознаени со ваквиот начин на купување и дизајнирање на чевли ?

-Да бидеме искрени, на почеток, DIAS концептот на купувачите им беше несекојдневен. Имаше купувачи кои веднаш беа воодушевени, но имаше и луѓе кои бе резервирани и скептични. Меѓутоа, наше најголемо задоволство е кога и оние најскептичните ќе ги изненадиме, па ќе останат фасцинирани и многу задоволни од резултатот. Од ден на ден, сé поголем е бројот на луѓе кои се одлучуваат за дизајнирање и носење на уникатни чевли. Наши клиенти не се само оние кои живеат во Скопје, туку и надвор од градот, надвор од државата, а имаме клиенти и од нашето соседство, како и купувачи кои туристички доаѓаат во Скопје, па одлучуваат да дизајнираат чевли, а потоа ние им ги доставуваме на нивната адреса.

Какви чевли и чанти се модерни за сезоната перолет/лето 2019?

-Денес е модерно сé она што ве прави најмногу среќни. Не секогаш треба да се водиме по модните трендови и да талкаме, барајќи го стилот. Ние во DIAS сметаме дека за да можеш да износиш нешто и да бидеш задоволен, потребно е во истото да внесеш дел од себе, дел од својот дух, дел од својот стил, само така ќе зрачиме и ќе уживаме во чевлите и чантите кои ги носиме.

Кога станува збор за она што е модерно во светот на чевлите и чантите во овој период, од една страна, тоа се веселите бои, црвената, тиркизната, мастилно-сината нијанса, а од друга страна стои секогаш моќната класика или црниот висок сјај, кафениот сјај и слично. На клиентите би им го препорачале моделот „double monk strap“, чевли со две ремчиња, или „derby моделот на чевли изработен во комбинација од кожи.

Салонот „Dias“ се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...