На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал се појави манекенката Кендал Џенер облечена во драматична креација со цветен принт од Џамбатиста Вали.
Мини фустанот со разголена раменица благодарение на волуменозноста се лелееше над црвениот тепих оставајќи впечаток на драматичност. Вистински погодок е комбинацијата со сребрени сатенски сандали од Чими Чу со тенки чорапи до глуждовите.
Дијамантните обетки од Шопар го заокружија изгледот.