Dress Time: ZARA ја претстави празничната (новогодишна) колекција

Под името Dress Time, шпанската модна марка Зара ја претстави свечената колекција за сезоната на забави, новогодишните и божиќните празници.

Во кампањата учествуваат популарните модели Мика Арганараз и Кики Вилемс кои позираат во светкава гардероба. Целата колекција е дизајнирана во диско стилот, а доминираат светкавите материјали, плишот и сатенот.

Интересни се комбинациите кои ни ги сугерираат дизајнерите од Зара – микс на елегантни парчиња со модни шарчиња во војнички стил.

Акцентот е на фустаните, тие се со мини или макси должина, ја следат линијата на телото. Сакоата и овојпат се носат наместо екстра мини фустанче во комбинација со трендовски чизми со набори. Ресите како украс се наоѓаат кај повеќе париња, а задолжителен моден додаток се предимензионираните обетки со многу штрас.

 

 

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...