Дружење со најпопуларниот словенечки автор за деца и млади

Денска на саемот на книгата со почеток од 17 часот посетителите ќе имаат единствена можност да се дружат со Винко Модерндорфер еден од најпопуларните словенечки автори за деца и млади.

Тој денеска во рамки на саемот ќе ја промовира својата најпозната книга „Како во филм“. Станува збор за еден извонредно сестран уметник, добитник на голем број книжевни награди, меѓу кои и наградата „Модра птица“ за најдобар роман за деца и млади во Словенија, токму за „Како во филм“.

Оваа книга на многу симпатичен начин опишува еден трауматски период од животот на младиот Гашпер, дванаесетгодишен вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, чија мајка ненадејно исчезнува, а тој е принуден привремено да живее со чудниот човек по име Макс.

Покрај дружење со Винко, денеска посетителите ќе можат да уживаат во рааботилни за бите за најмладите посетители од 11 до 12 часот. Покрај дружењето со Винко од 17 часот, посетителите ќе можат да се дружат со Винка Саздова и Јагода Михајловска – Георгиева од 13 до 14 часот и Катица Ќулавкова од 15 до 16 часот. За на крај од 18 часот е книжевната забава.

x

Check Also

И деца ќе учествуваат на „Трчај бе“ во Битола на 15-ти Септември

Немој да трчаш, ќе се испотиш! Застани, ќе паднеш, доста со трчање ...