„Дрвени приказни”: Изложба на накит на Глигор Кузмановски

Дизајнерот на накит од дрво Глигор Кузмановски на 21 октомври (вторник) во 20 часот ќе ја отвори својата изложба „Дрвени приказни” во скопското арт-кафе „Концепт 37“.

nakit 5 Foto Ana Lazarevska  ANEMONE  i MariJa Nikolovska (6)
„Дрвени приказни” претставува омнибус од повеќе приказни работени во последниве година-две. Дизајнерот на модни додатоци, инспириран од многуте патувања, различните култури, времето, спомените и чувствата, во својата постановка опфаќа повеќе теми, кои се разликуваат стилски една од друга. Креациите се изработени од орев во комбинација со алуминиум, а има и игра со боја, метал и стакло. Кузмановски направи и промотивна фотосесија за колекцијата со Ана Лазаревска (АНЕМОНЕ) и Марија Николовска.

nakit 4 Foto Ana Lazarevska  ANEMONE  i MariJa Nikolovska (5)
Ова е прва самостојна изложба на креативецот, кој има дипломирано Историја на уметност со археологија. По скопската промоција постановката „Дрвени приказни” ќе биде претставена во мултимедијалниот простор Le petit Canibaal во Валенсија, Шпанија.

nakit 3 Foto Ana Lazarevska  ANEMONE  i MariJa Nikolovska (3)
За добрата атмофера на отворањето во „Концепт 37“ ќе се погрижи диџеј Rodrigo Miravalles (Suvo Oko).

nakit 2 Foto Ana Lazarevska  ANEMONE  i MariJa Nikolovska (2)

 

Фотографија –  Ана Лазаревска (АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

x

Check Also

Направете сами боси сандали

Инспирирани од индијската традиција, босите сандали влегоа во западниот свет и станаа ...