Државна лотарија отвори нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа 

Државна лотарија најавува дека во Скопје, започна со работа нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа, Благајната се наоѓа во непосредна близина на Порта Буњаковец, на адреса бул. „Партизански одреди“, број  23. Работното време на благајната за исплата на добивки од игрите на среќа на Државна лотарија, е од 10 – 14:00 часот секој работен ден.
Државна лотарија, во овие услови, вложи вонредни напори за отворање нова благајна во центарот на Скопје, со цел растоварување на благајната во зградата на МРТ.
-Добитниците ги молиме со себе да ја имаат потребната документација и да се придржуваат на правилата за заштита на своето здравје и здравјето на другите, велат од Државна лотарија.
За потребни информации побарајте го контакт центарот на броевиет: 02 323 7777 и на 076 313 052 (вибер број).
Следете на социјалните медиуми и на www.loto.mk

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...